Достапни линкови

Придобивките несомнени


Практично не постои земја во светот која нема интерес и потреба да стане членка на СТО Оттаму, придобивките н влезот на Македонија во оваа организација се несомнени, вели економистот Душан Вељковиќ

„Бидејќи се работи за мала земја, со мала економија, со мал внатрешен пазар, таа е објективно упатена да разменува стоки и услуги со другите земји“.

Сепак прашање кое сега се истава пред Македонија е колку е подготвена и решена да ги искористи предностите што и се нудат со ова членство и да ги одбегне заканите по домашното стопанство соочено со производи од странски пазари со пониски цени .

„И развиените земји ги штитат своите стопанства. Не е тоа некакво квантитативно ограничување, меѓутоа, има земји кои сепак издејствувале да воведуваат одредени квоти, значи, еден вид квантитативно ограничување. А уште повеќе се користат тие индиректни мерки кои се состојат во норми на квалитет и услови за пуштање на стоките во промет на домашниот пазар“.

Точно е, вели Вељковиќ дека со зачленувањето на светската тргоивска организација Македонија стануива поатрактивна за странски инвестиции. Комапниите ке имаат интерес своите производствени капацитети да ги градат тука

„Меѓутоа, од друга страна знаеме дека секој странски инвеститор ќе настојува остварениот профит во нашата земја да го изнесува од земјата“.

Со еден збор транзициониод период од четири години за кои земјава треба да се подготви да стане полноправна членка е време што не смее да биде загубено.

„Сега треба конкретно да се работи и да се види како може да се искористат позитивните ефекти, а да се намалат или да се елиминираат негативните. Времето од четири години е сосема доволно, но само под услов ако се работи“.
XS
SM
MD
LG