Достапни линкови

ОН треба да имаа улога во ирачката криза


Грчкиот министер за надворешни работи чија земја е преседавач на Европската Унија Јоргос Папандреу по разговорите со американскиот државен секретар Колин Пауел во Брисел повика на силна меѓународна соработка и донесување резолуција во Обединетите Нации за определување на природата на реконструкцијата на Ирак.

„Ние сакаме Обединетите Нации да играат силна улога во сите фази на ирачката криза. Сакаме да видиме дека блиско-источниот мировен процес се движи напред.“

Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон рече дека Обединетите Нации мора да бидат подготвени за акција кога ситуацијата тоа ке го дозволи. Американскиот државен секретар Колин Пауел на прес конференцијата пак изјави

„Ние сите разбираме дека Обединетите Нации мора да имаат улога во реконструкцијата на Ирак. Каква ке биде природата на таа улога останува да се види.“

Пауел рече дека постои можност во пост воениот Ирак да бидат испратени мировни сили на НАТО.
XS
SM
MD
LG