Достапни линкови

Сојузниците тврдат дека си блиску до Багдад, Ирак негира


Американскиот генерал Винсент Брукс изјави дека англо – американската коалиција и нанесла тешки загуби на Садамовата елитна републиканска гарда распоредена во одбранбениот круг околу главниот град Багдад. Брукс рече дека сојузничките сили го имаат Багдад на нивните нишани.

„Ние ке го достигнеме Багдад. Сечивото е јасно ставено во срцето на режимот и ке остане таму се додека режимот го снема.“

Сојузничките сили денеска лансирале нови воздушни напади врз центарот на Багдад и надворешните приоди на градот. Централната команда во Катар соопшти дека речиси 40 таканаречени паметни бомби се исфрлени во текот на ноќта врз воени капацитети во Карч област на Багдад. Овие паметни бомби се наведуваат врз нивните цели со сателит. Во врска со информациите дека сојузниците го пробиле патот во близина на Багдад ирачкиот министер за информации Мохамед Ал Сахаф изјави.

„Tие лажат секој ден. Тие лажат секогаш и пред се тие ја лажат сопствената јавност. Поради тоа , она што го велат за близината на Багдад е целосна илузија.“

Од друга страна катарската телевизија Ал Џезаира која од Американците беше критикувана дека пристрасно известува за војната во Ирак, вчера соопшти дека нема веќе да известува од Ирак туку само ке покажува снимки од дописништвата во Багдад, Басра и Мосул. бидејки ирачките власти протерале еден нивни новинар без образложение. Американската војска соопшти дека еден борбен авион едносед и хеликоптер Блек Хок се урнале во Ирак. Судбината на пилотот и екипажот на хеликоптеророт засега не е позната. Според извештајите американците го скршиле отпорот на Фајаденовите борци кај Насирија, а се одбиени и два напада на ирачките сили кај клучниот мост на реката Еуфрат што претходно беше освоен од коалицијата. Еден неименуван лекар на Меѓународниот црвен крст изјави дека во последниве два дена од бомбардирањето се ранети 280 ирачани. Вашингтон соопшти дека се води истрага дали од таканаречените клустер бомби загинале стотици цивили кои биле употребени во борбите во близина на Хила сто километри јужно од Багдад.
XS
SM
MD
LG