Достапни линкови

Москва: Демарш за САД за воздушните напади во близина на руската амбасада во Багдад


Русија денеска испрати демарш до САД поради воздушните напади во реонот на Багдад каде што се наоѓа руската амбасада. Американскиот амбасадор во Москва, Александар Врешбоу денеска е повикан во руското Министерство за Надворешни Работи, каде што му е пренесено барањето на Москва „ американските власти да преземат мерки да не се повтори таков опасен и неприфатлив инцидент, се наведува во соопштението на руското министерство за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG