Достапни линкови

Продолжува напредувањето на сојузничките сили


Војната во Ирак продолжува со воздушни удари на сојузничките авиони врз Багдад и со копнени борби меѓу американските сили и единици на Републиканската гарда во близина на ирачкиот главен град. Американската централна команда во Катар соопшти дека по тричасовна битка со ирачките гардисти било завршено опколувањето на клучниот град на патот кон Багдад, шиитското свето место Карбала и оти е помината реката Тигар. Ројтерс, повикувајќи се на воени извори во Пентагон, пренесува дека американските сили, наместо за целосно заземање на градот, што би претпоставувало тешки улични борби, се определиле за негова опсада и изолирање, со цел трупите да го продолжат напредувањето кон Багдад. Американските специјални трупи успеале да ја спасат Џесика Линч која една недела била воен затвореник на ирачките сили.

„Сојузничките сили изведоа успешна спасувачка мисија на американски затвореник. Војникот е вратен во подрачјето што е контролирано од коалицијата.“

рече американскиот генерал Винсент Брукс. Специјалните сили денеска успешно извеле и опрерација на извелкување на двајца пилоти на авионот Еф 14 на кои им се уранло леталото поради, како што е соопштено, технички причини. Командантот на здружениот штаб на американските сили генерал Ричард Мајерс изјави дека интензивното бомбардирање во многу ја намали борбената моќ на две дивизии на Републиканската гарда во близина на Багдад. Поради тоа, рече генерал Мајерс, ирачката влада донесла засилување од северот на земјата. Секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд ги демантира информациите кои беа пласирани од ирачки претставници дека со Ирак се воделе преговори за прекин на огнот. Единствена работа за која коалцијата ќе разговара со тој режим е неговото безусловно предавање,, - изјави Рамсфелд. Во Вашингтон пак и натаму постои сомневање за судбината на Садам Хусеин откако вчера ирачкиот министер за информации преку телевизијата го прочита неговото обраќање во кој ги повикува ирачаните на света војна.

„Не знаеме дали е тој жив или мртов. Еден од начините да дознаете е ако го видите на живо на телевизија и ако зборува за настаните што се случиле непосредно пред неговото појавување. Ние не го видовме тоа, но ние не знаеме.Доказот дека е убиен, од друга страна е ако го видите неговото тело. Ние не го видовме – не знаеме.“

изјави портпаролот на Белата Куќа Ари Флејчер во врска со пораката на Садам Хусеин прочитана од министерот за информации. Хусеин последен пат беше виден на ирачката телевизија во саботата на средба со неговиот кабинет.
XS
SM
MD
LG