Достапни линкови

Подобрување на човековите права постои, но прашање е дали е трајно


Одредено подобрување на почитувањето на човековите права во Македонија постои, но прашање е дали станува збор за трајна придобивка вели Суад Мисини од Информативниот Центар за граѓанско општество во првичниот коментар за последниот извештај на Стејт департментот за ссостојбата со почитувањето на човековите права во земјава.

„Оваа релативно констатирана нагорна линија јас би сакал да ја видам внесена во системот. Значи подобрени процедури во полициска постапка, поголема транспарентност и кредибилитет на обвинителство, поголема ефективност на судството и тн. Само доколку констатираме промени на системско ниво би можеле да кажеме дека нагорната линија е навистина нешто што реално се случува.“

Вистинската адреса на која барањата за овие суштински и неопходни промени е владата вели Мисини:

„Владата е таа која што може да биде еден круцијален катализатор. Со донесувањето на нови регулативи каде што вие ќе обезбедите подобри процедури во полицијата, независно судство, независно обвинителство.“

Ова го потврдув и извештајот на Стејт департментот каде токму претходната се посочува како одговорна, додека актуелната влада со комплимети за преземени чекори во насока на подобрување на ситуацијата. Затоа портпаролот на владата Сашо Чолаковски вели:

„Извештајот што се однесувува од 31 октомври наваму го цениме како релевантен и објективен. Почитувањето на човековите права и основните права и слободи е и ќе биде понатаму еден од приоритетите на оваа власт,“

Но, и новата влада во извештајот не е изземена од одговорност, неа и се префрла селективно применување на законите против припадници на опозицијата.



вели Мисини.
XS
SM
MD
LG