Достапни линкови

logo-print

Љубомир Фрчковски, советник на претседателот Трајковски. ЕУ треба да ја дициплинира Грција и да не нарекува со уставното име


Доаѓањето на мисијата на Европската унија повторно го актуелизира прашањето со името на нашава држава...

Всушност, тоа е поради однесувањето на шефот на таа мисија. Инаку, тоа е постојано актуелно. Она што ми се чини дека се случува, и тоа под влијание на Грција, е од една страна еден мек пристап кон нас поради нивото на нивната дипломатија која е малку поцивилизирана од претходните ситуации, но она што се случува на теренот мене ми се чини дека е токму договорен притисок од страна на Грција со информациите за активноста на грчките дипломати и во земјата и надвор, околу посебно затегање на ситуацијата со името, за да ни покажат дека оваа година, кога се очекува дека тој проблем ќе се разреши, всушност, нема шанса поинаку да се разреши освен со промена на името. Затоа затегаат, дури поставуваат и апсурдно барање сами да се викаме ФИРОМ, за да затегнат до крајни граници и на крај да може да се извлече компромис, а ние да добиваме впечаток дека не можеме да правиме ништо друго освен да попуштаме и да правиме компромиси.

Кон ставот на Грција се чини се придружува и Франција. Дали тоа може да се толкува како последица на нашата поддршка на САД во војната против Ирак?

Не мислам дека е тоа така. Едноставно, Французите со својата традиционална ароганција знаат да не се снајдат барем во првите допири во земјите каде што доаѓаат. Ова сепак е Македонија, европска земја, и јас мислам дека нивниот генерал брзо ќе се прилагоди на нивото на цивилизација кое овде постои, бидејќи тоа е проблем. Грција направи од Европската унија како целина и од нејзината дипломатија, да се срами. Јас разбирам дека им е многу непријатно да се губи. На овој начин, со обраќањето со вакво име кон една земја, но тоа Грција го направи затоа што тие се премногу меки на едно сосема апсурдно, спротивно на меѓународното право, однесување на една нејзина членка. Тие ја делат таа непријатност. Јас мислам дека ние треба да им ја посочиме таа бизарност во нивните редови.

Каде е меѓународното право во сево ова?

Па, меѓународното право е стопроцентно на наша страна и тука нема никакви дилеми. И при процедурата за прием во ООН направен е преседан во Обединетите нации, многу непријатен. Тие се надеваа дека ќе го покријат со привремено решение. Меѓутоа, сега тој преседан е отворен. И второ, политичкиот притисок врз вака мала земја како Македонија е непримерен. Мислам дека ние ќе издржиме се. Нема никакви шанси да ни го одземат тоа суверено право да се нарекуваме како што сакаме. Но, мислам дека е ред од Европската унија да застане на свои нозе. Овде треба тие да застанат на свои нозе, да ја дисциплинираат нивната членка и да го земат меѓународното право во нивни раце нарекувајќи не без каква е дилема и компромис со нашето уставно име.
XS
SM
MD
LG