Достапни линкови

Заедничка вежба на Македонија и Албанија


Зголемување на соработката во согласност со стандардите на НАТО е целта на заедничката воена вежба на единиците на Република Македонија и на Република Албанија „Соседски зафат“ што се одржува на полигонот Криволак. На оваа прва билатерална воена вежба на двете армии иницирана од македонскат страна на последнатс средба на министрите за одбрана Мајко и Бучковски што се одржа во Подградец како дел од новата регионална соработка на Македонија, Албанија и Хрватска произлезена од добиените насоки од прашкиот самит на НАТО, покрај министрите на Албанија и на Македонија Пандели Мајко и Владо Бучковски, присуствуваат и министрите за одбрана на Србија и Црна Гора Борис Тадиќ и заменик министерот за одбрана на Хрватска Златко Галетиќ, како и поголем број меѓународни и воени претставници од повеќе држави. Заеднички став е дека земјите во регионот треба да соработуваа во градењето на заедничката безбедосна политика. За перспективите на таквиот став министерот Бучковски со оценка:

„Верувам дека таа ќе биде во духот на добрососедските односи, во духот на засилената регионална соработка“

Има многу прашања, кои се пред нас министерот за одбрана на Србија и Црна Гора, земјата со која Македонија исто така ќе ги дели своите искуства во армиските реформи:

„Општ е заклучокот дека безбедносната политика на секоја земја во регионот мора да биде третирана како регионална политика. Како рамка за разговорите во иднина подвлекуваме дека еден од принципите е неменливоста на границите и во исто време почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на секоја земја поединечно, како и целосна рамноправност во политичките односи на секоја од овие земји меѓу себе“.

Потенцираше Тадиќ кој во Македонија допатува со своите колеги од регинот за да ја следат првата вежба на единиците на Албанија и Македонија.
XS
SM
MD
LG