Достапни линкови

Вашингтон: Популарноста на Буш во постојан пораст


Популарноста на американскиот претседател Џорџ Буш е во постојан пораст во Соединетите држави од почетокот на војната во Ирак, пишува неделникот Њузвик во најновиот број. 70 проценти од испитаниците го подржуваат начинот на кој ја води политиката кон Ирак, а 53 насто неговата економска политика што е највисок процент од почетокот на мај 2001 година. Од друга страна, според истражувањето на Тајм и Си Ен Ен, повеќе од половината американци сметаат дека нивната влада била преоптимистичка во врска со должината на војната во Ирак. Секој трет испитаник рекол дека не би ја подржал војната доколку загинат повеќе од 500 војници.
XS
SM
MD
LG