Достапни линкови

Тест за идните покомплицирани операции


ЕУ воената мисија во Македонија ќе преставува тест за идните покомплицирани операции кои Унијата сака да ги преземе, а најголема закана за евро силите е можното обновување на етничките тензии и уште повеќе проблемите поврзани со организираниот криминал и корупцијата, пишуваат денеска весниците Гардијан и Фајненшл Тајмс.

Лансирањето на операцијата Конкордија е важен тест за иднината на ембрионалните европски сили за брза реакција, како и за суштинските односи со Соединетите држави, пишува денешен Гардијан. Унијата имено сака идната година од НАТО да ја преземе и мисијата во Босна и Херцеговина каде што веќе командува со полициските сили. Аранжманот за Македонија е постигнат со Нато кој всушност обезбедува пристап до своите капацитети. Гардијан наведува дека главна закана за , повеќе мониторинг мисијата, отколку вооружената сила на Европската унија би било обновување на етничките тензии и пред се организираниот криминал и корупцијата. Фајненшенел тајмс пишува дека европската мисија во Македонија е тест за европската одбрана и безбедносните амбиции односно таканаречената И ЕС ДИ ПИ одбранбена и безбедносна политика на Европската Унија. И додека членките на Унијата беа едногласни за одбранбената политика, нивната надворешна политика се најде парализирана во однос на ирачката криза каде што до израз дојде поделеноста на клучните играчи во Европа не само за подршката на воената опција туку и за идните насоки на самата Унија, пишува Фајненшенел Тајмс. Според весникот, амбасадор на Нато во Брисел изјавил дека додека американскиот Стејт Депертмент стоеше зад оваа операција на Унијата во Македонија со Пентагон постоеа потешкотии, а исто може да се очекува и кога ке дојде на ред и преземањето на мисијата во Босна. Британија и Франција беа предводници во напорите за воспоставување на мисијата во Македонија кога на самитот во Копенхаген се постигна согласност на Европската унија да и биде обезбеден пристап до капацитетите и асистенција од Нато силите во случај на загрозеност на мисијата на Унијата.
XS
SM
MD
LG