Достапни линкови

Муса Џафери, потпретседател на владата. Соодветната застапеност на Албанците нема да биде на сметка на Македонците


Како ќе се остварува правичната и соодветна застапеност на етничките заедници во јавната администрација во услови на превработеност?

Во досегашните анализи што ги имаат направено владата и министерскиот комитет задолжен за ова прашање заклучено е дека во постојаниот буцетски капацитет и државните ресурси постои можност за подобрување на правичната и соодветна застапеност на етничките заедници, конкретно албанската, како една многу важна компонента за политичката стабилност и безбедноста на државата.

Што конкретно предвидува програмата за правична и соодветна застапеност?

Владината програма за 2003 година планира зголемување на бројот на вработените во државната дминистрација за 2.3 насто, што значи застапеноста на Албанците ќе достигне до 14 насто од вкупниот број на вработени во државната администрација. Во вториот дел во јавната администрација бројот на вработените ќе се зголеми за најмалку два насто, што значи земено во целина предвидено е вработување на 2,400 Албанци.

Што се ќе се направи за обезбедување на соодветна квалификациона структура на нововработените?

Покрај напорите за изнаоѓање можност за правичната и соодветна застапеност ние големо значење и посветуваме и на подготовката и изнаоѓањето на квалитетни кадри. Има подготвено и има проекти за едукација. Ќе има посебни курсеви за подготвување на јавни администратори и кадри кои ќе бидат задолжени за преведување поради имплементацијата на дел од законите со кои е предвидено граѓаните да се послужат и со албански јазик. Односно, да се подготват професионални службеници кои би ги исполниле условите за двојазична администрација.

Соодветната и правична застапеност во секој случај не значи дека ќе бидат отпуштени Македонци за сметка на вработувањето на припадници на етничките заедници?

Едно од најчувтсвитечните прашања беше и останува овој процес да не се одвива на штета на останатите етнички заедници, посебно Македонците. Затоа баравме начини и форми кои не би не довеле во ситуација некој да биде избркан од работа. Еден од начините што го имаме предвидено е работните места да се ослободат преку пензионирања. Доброволно осчободување на на работното место и префрлање во приватната сфера и други начини кои не се однесуваат на оштетување на вработувањата на припадници на само една етничка заедница.
XS
SM
MD
LG