Достапни линкови

Немало барање за распоредување повеќе војници во Ирак


Деновиве во американскиот печат се појавија информации за несогласувања околу воените операции што ги изведуваат сојузниците во Ирак. Тоа е демантирано од Пентагон.

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд демантира дека не ја прифатил воената стратегија за Ирак на воените планери. Тие наводно од него и од неговите цивилни советници барале, пред почетокот на копнените акции, во Ирак да бидат распоредени повеќе американски војници.

„Планот е добар. Тој e извонреден бидејќи функционира и ние ќе победиме. Планот беше развиен од генерал Франкс и мина низ генералштабот во Вашингтон и советот за национална безбедност. И тоја се остварува.“

изјави рамсфелд. Претходно и командантот на американските сили во Заливот Томи Френкс негираше дека од државниот секретар побарал повеќе сили

„Не, јас не побарав дополнителни трупи пред започнувањето на она што го нарекувате копнена војна.“

изјави Френкс по повод оценките во некои американски медиуми дека недостигот војници и оружје во Ирак би можело да ја одолжи војната. Тој, како и секретарот Рамсфелд, рече дека Соединетите Држави немаат никакви планови за примирје со Ирак.

„Оваа кампања оствари извонреден напредок. Многу останува да се стори. Деновиве пред нас ќе видиме успеси и падови. “

наведува генерал Френкс, додавајќи дека сојузничките сили се на девеесет и пет километри од Багдад

„Ќе продолжиме да го изненадуваме непријателот напаѓајќи го и дење и ноќе насекаде по бојното поле. Сојузничките сили ќе продолжат да напредуваат кон Багдад додека ирачкиот режим ќе продолжи да ја губи контролата врз земјата.“

Генерал Томи Френкс сепак вели дека не би можело да предвиди кога војната против Ирак ќе заврши.

„Никој не знае колку долго ќе трае војната. Ние не знаеме. Но, она што го знаеме е дека ова коалиција на крајот од војната ќе види дека овој режим ќе си оди.“

И американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд оценува дека на крајот-војната ќе заврши успешно

„Претстојат тешки денови. Очекуваме тешкотии од Републиканската Гарда. Багдад нема да биде лесен. Но резултатот е јасен – иарчкиот народ ќе му стави крај на страхувањето од Садам Хусеин и неговиот режим.“
XS
SM
MD
LG