Достапни линкови

Слаѓана Тасева, претседател на комисијата за борба против корупцијата. До крајот на мај национална стратегија за борба против оргнизираниот криминал


Кон што моментлано е насочена работата на комисијата за броба против корупцијата?

Насочени сме кон повеќе области коишто значат имплементирање на законот за спречување на корупцијата којшто ние како што знаете за прв пат го имплементираме откако беше донесен. Насочени сме кон повеќе теми, како што се постизборни инвестиции, начин на финансирање на политички партии, како се трошат странските донации, следење на судирот на интереси и пријавите што доаѓаат од граѓаните. Меѓутоа, во моментов во посебен фокус на комисијата е националната стратегија за борба против корупцијата за којашто веќе се договоривме со владата заеднички да работиме. Бидејќи тоа е наша законска обврска и национален интерес и интерес на владата. И ја направивме таа обврска целосно и стартуваме од идната недела, односно на 2 април веќе се одржува првиот состанок за таа национална стратегија и се очекува да ја завршиме до крајот на мај.

Од досегашната работа што е тоа што би го издвоиле како покарактеристично сознание?

Покарактеристично е тоа што за прв пат успеавме во поголем обем да ги собереме пријавите за имотната состојба на државните функционери. Обемот и она што значи отповикување или исполнување на државните функционери на оваа обврска навистина е за пофалба и добивме многу пријави за имотната состојба, многу мал дел се оние што не доставија и против кои ќе мора да преземеме конкретни мерки. Понатаму, се соочивме со голем број пријави од граѓаните коишто поради постоечката недоверба во институциите во државата, најдоа кај комисијата адреса на којашто може да се обратат со своите проблеми. Голем борј од тие проблеми укажуваат на неправилности во работењето на државните институции, дел се однесуваат на неправилностите во приватизацијата, дел од нив и сериозно укажуваат на пропусти кои се направени при процесот на приватизација. Голем дел од пријавите, морам да кажам, укажуваат на несоодветно постапување од страна на органите, како што се и судовите и другите органи во рамките на државата. Сите тие ќе настојуваме да ги согледаме како појави, како проблеми, па дури и како поединечни случаи за кои ќе мора да одлучиме како понатаму да постапуваме.
XS
SM
MD
LG