Достапни линкови

logo-print

Нацрт стратегија за национална безбедност и одбрана


Нацрт стратегијата за национална безбедност и одбрана содржи страндардни елементи, но еден дел е прилагоден на македонските специфични околности, изјави Лазар Китаноски советник за национална безбедност на премиерот Бранко Црвенковски. Нацрт текстот говори за тоа кои се интересите на земјава, какво е безбедносното опкружувањето на македонската политичка заедница, за политиката на национална безбедност И за одбраната.

„Со овој текст прв пат се укажува на тоа дека безбедноста, според европските стандарди, има пошироко значење птколку што е безбедноста што се покрива со министерствата за внатрешни работи и за одбрана. Зашто, секое поголемо нарушување на економските текови, на пример перењето на пари, исто така претставува сериозен безбедносен проблем“.

oбјаснува Китаноски кој додадава дека токму поради тоа се внесени некои новини

„Надворешната политика, економската политика, одбранбената политика, политиката за внатрешна безбедност и политиката за заштита на животната средина“.

Во текстот вели тој се сугерира воспоставување на нови органи кои ке обезбедат поголема координација мегу безбедносните структури како и побрзо донесување на одлуки во оваа област. Притоа се предвидува:

„Посебно место му се дава на Центарот за кризен менаџмент во кој ќе треба да се концентрираат неколку служби кои сега беа во МВР или во МО и тие, практично, да се стават под управа на владата“

Текстот на нацртот на националната стратегија ке биде и на јавна расправа во која ке се вклучат експерти од оваа област, по што тој треба да се усвои во Собранието. Од финалната верзија на концептот на националната стратегија потоа треба да се изработат два документи

„Првиот документ ќе биде национална стратегија на одбраната што го донесува претседателот на државата и вториот документ што треба да биде национална стратегија во безбедноста, документ на некој начин верифициран од претседателот, меѓутоа, чијшто основни носители се Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање и Владата како координатор,“

вели Љупчо Поповски државен секретар во министерството за одбрана.
XS
SM
MD
LG