Достапни линкови

Ирачаните ќе бидат ослободени без оглед колку ќе биде потребно


Американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер, на заедничката прес конференција по нивните разговори во Кемп Дејвид одбија да изјават колку време би можело да биде потребно за да биде победена ирачката војска Садам Хусеин и да биде отстранет од власт. Џорџ Буш рече дека ирачаните ќе бидат ослободени без оглед колку време ќе им биде потребно на сојузничките сили да ги постигнат нивните воени цели. Тој додаде дека сојузничките сили со секој ден напредуваат низ Ирак.

„Заедно, коалиционите сили напредуваат ден по ден против непријателот. Ние сега се бориме со диктаторските најцврсти сили кои се подготвени на се. Натамошната кампања ќе бара храброст и жртвување. Но, ние го знаеме резултатот – Ирак ќе биде разоружан, ирачкиот режим ќе биде соборен, ирачкиот народ кој долго страдаше ќе биде ослободен.“

Буш и Блер уште еднаш побараа Обединетите Нации веднаш да ја обноват хуманитарната програма.

„Премиерот и јас исто така побаравме Обединетите Нации веднаш да ја продолжат програмата нафта за храна. Повеќе од половината од ирачкиот народ зависи од таа програма.“

Блер обелодени дека тој и Буш решиле да побараат нова резолуција на Обединетите Нации за хуманитарната помош и за поствоената администрација во Ирак.

„Ќе побараме нови резолуции во Советот за безбедност на Обединетите Нации со кои ќе се потврди ирачкиот територијален интегритет, ќе се обезбеди хуманитарна помош и ќе се гарантира соодветна повоена ирачка администрација.“

Блер кој исто така изрази уверување дека Sадам Хусеин и неговиот, како што рече, озлогласен режим ќе бидат отстранети од власт.

„Тоа е наша обврска, тоа е наша определба и ние ќе го сториме тоа.“

рече британскиот премиер Тони Блер по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш во Кемп Дејвид.
XS
SM
MD
LG