Достапни линкови

Нема согласност за измени на програмата „Нафта за храна“


Советот за безбедност на Обединетите Нации досега не успеа да постигне согласност околу измените на хуманитарната програма за Ирак позната како нафта за храна. Дипломатите велат дека Франција, Русија и Кина се противат на тие измени, бидејќи со тоа ќе се легитимизира американско-британската воена интервенција во Ирак.

Програмата нафта за храна, најголемата хуманитарна програма во историјата на Обединетите Нации, обезбедуваше помош за шеснаесет милиони ирачани.
Генералниот секретар Кофи Анан во минатата недела им нареди на хуманитарците да го напуштат Ирак поради очекуваната сојузничка акција. Анан вчера се сретна со американскиот советник за национална безбедност Кондолиза Рајс на разговори за хуманитарната помош и за поствоен Ирак. Тој притоа изјави дека сојузничката коалиција е одговорна за хуманитарната помош за Ирак се додека таму не е безбедно за персоналот на Светската организација. Според извори во Њујорк и Вашингтон, Анан и Рајс исто така дискутирале за потребата од зачувување на територијалниот интегритет на Ирак и за правото на ирачаните сами да решат за политичката иднина на земјата.

„Признаваме дека Обединетите Нации се важни и сакаме да работиме со меѓународните партнери колку што е можно повеќе.“

вели претставникот на американската мисија во Светската организација Рик Гренел. Но, неспособноста на Советот за безбедност да постигне брзо решение за измените на програмата нафта за храна го сигнализира идниот предизвик околу решавањето на клучните прашања на поствоен Ирак. Дејвид Филипс е експерт за Ирак во Советот за надворечни работи вели дека одлагањето на хуманитарната програма ќе го доведе под прашалник кредибилитетот на Обединетите Нации.

„Програмата нафта за храна постои да им служи на потребите на ирачаните. Советот за Безбедност треба да ја признае својата одговорност и да престане да игра политика со хуманитарната помош. “

Според Филипс, обновувањето на таа помош ќе биде вашниот прв чекор за постигнување на целта на Вашингтон – стабилизација на состојбата во Ирак и реформа на ирачкиот политички систем.

„Секој сфаќа дека од голема важност е да се избегне претставата оти ова е вид на доминантно американска операција. Значи ќе има многу силна потреба да се обезбеди ирачка власт што е можно побргу.“

вели Ерик Шварц од Советот за надворешни односи.
XS
SM
MD
LG