Достапни линкови

Почнува европската мисија „Конкордија“ во Македонија


Од европската мисија наречена „Конкордија“ што статува на 31 март и членките на Европската Унијата и Македонија од очекуваат многу. Таа е голем тест вели професор Добринка Тасковска.

„Ова е голем тест за Европа, но е голем тест и за Македонија. Македонија мора во овие шест месеци да покаже дека се помалку и треба надворешна интервенција, дека е способна не само да биде корисник на мировни сили, туку дека нема потреба од нив и дека таа евентуално може да учествува во нив, а не само да ги користи“.

Дилемата за силите на Европа или НАТО на која Македонија долго време одбиваше да одговори чекајќи го исхоот на разговорите на овие две институции според професор Димитар Мирчев ја немаше таа драматика со која македонската јавност го следеше усогласувањето на Договорот Берлин плус

„Нема никаква причина да мислиме дека има некакви спротиставени или конкурентски односи“.

Сојузништвото меѓу Унијата и Алијансата и партнерството кое е транспаретно и без скриена агенда би требало да се демонстрира и со присуството на високиот евроспки претставник Хавиер Солана и шефот на НАТО Џорџ Робертсон на церемонијата со која и официјално ќе биде прогласен крајот на НАТО мисијата „Сојузничка Хармонија“ и трансферот на командата во рацете на генералот на европските сили Пјер Марал што ќе се случи во понеделник. Самиот трансфер освен што ќе означи старт на европските сили за брза интервенција не значи доаѓање на нови војници. Остануваат истите што беа и во рамките на НАТО мисијата, но сега со амблемот на европската „Конкродија“ наместо „Сојузничката хармонија“. Синџирот на комадата останува ист, со таа разлика што политичкото водство од НАТО се сели во канцеларијата на европратеникот Солана. НАТО присуството во земјава продолжува а на крајот од третата и последна воена мисија во македонија Алијансата оценува дека земјава е на свои нозе и оти трите операции што НАТО ги спроведе во Македонија се покажаа како успешни.
XS
SM
MD
LG