Достапни линкови

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата


Предлог текстот на Буџетот за 2003 кој се наоѓа пред пратениците за годинава е 5 милјарди денари по мал од минатогодишниот, кој на два пати беше зголемуван пред и по изборите во Македонија и иснесува 67 милијарди денар. Од огромната сума пари која годинава ќе ја имаат на располагање, државаните институции 55 милијарди денари ќе добијат од даночни и неданочни приходи, 8 милијарди од сопствени приходи, а 4 милијарди денари преку задолжувања во странство за да се покрие дефицитот во буџетот.
Собраниската дебата за предлог буџетот за годинава беше можноста за прв жесток дуел на владата и опозицициските пратеници на економски теми.
Опозициската ДПА се жали дека во предлог текстот на буџетот за оваа година не се предвидени средства за имплементација на Охридскиот Договор.
„Ние подготвивме амандмани и очекуваме владата да ја исправи оваа грешка со тоа што ќе ги прифати овие амандмани и на ваков начин ќе дадат пример дека се за имплементирањето на Рамковниот договор“.

Информациите на ДПА очигледно се погрешни реплицира владиниот портпарол Сашо Чолаковски

„Во предлог-буџетот за 2003 година на Република Македонија се предвидени средства, и тоа по неколку основи, за имплементација на Рамковниот договор. Меѓу останатото, предвидени се и буџетски пари за обука на полицајци и за други разни потреби кои се обврска од Рамковниот договор“

И пратеникот на СДСМ Игор Ивановски вели

„И во сферата на промените коишто треба да следат во делот за заедничката застапеност на припадниците на Албанците во полицијата и во армијата на Република Македонија, како и во сферата на високото образование, за постојните и регистрирани институции и за основата на домовите предвидени се големи финансиски средства коишто треба да се реализираат во следниот период“.
XS
SM
MD
LG