Достапни линкови

Барање за ургентен фонд од 75 милијарди долари


Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека ситуацијата што се однесува до војната во Ирак е флуидна барајки од Конгресот да одобри ургентен фонд од 75 милијарди долари. Претседателот Буш оцени дека воената кампања ги остварува целите и покрај континуираниот отпор на ирачките сили.

„Нашата коалиција е во постојан напредок. Имаме добар прогрес.“

Американскиот претседател за време на денешната посета на Пентагон изјави дека коалиционите сили се борат против непријател кој не признава правила и закони. Се борат борци во цивилна облека подготвени да убијат по наредба за да продолжи владеењето на старвот на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG