Достапни линкови

logo-print

Утре расправа во парламентот


Договорот што го регулира правниот статус на престојот на евросилите во Македонија е изготвен. За него Собранието на Република Македонија ќе расправа на седницата во среда бидејќи македонското МНР има овластување веднаш по усогласувањето договорот да го проследи до парламенотот. Процедурата во парламентот е неопходна поради фактот што постојните договори меѓу Македонија и Европската Унија ниту оној за соработка ниту за стабилизација и асоцијација не предвидуваа безбедносна компонента. Затоа во измитативе неколку недели експертските од ресорните министерства во земјава и оние на европската Унија го конципираа текстот на договорот за правниот статус на европската мисија која своето деби го има на 31 март кога и официјално завршува НАТО мисијата „Сојузничка Хармонија“. Во тој текст кој не се разликува многу од догворот што го има земјава со НАТО се регулираат техничките детали на престојната мисија: мандатот кој е идентичен со оној на НАТО војниците да ги обезбедуваат набљудувачите на ОБСЕ, времетраењето на мисијата од 6 месеци, бројот на војниците, местата каде што тие ќе бидат стационирани, овластувањата, но и обврските на војниците како што се например обврските да се почитуваат законите на Република Македонија, да се воздржат од какви било активности што не се пропишани со договорот и да ја информираат владата за бројот на персоналот постојано стациониран во земјава. За последните подготовки пред трансферот на мисијата на 31 март нејзиниот командант францускиот генерал Пјер Марал кој пристуигна во македонија разговараше и со претседателот Трајковски. Францускиот генерал го информирал Трајковски дека сите подготвителни процеси за започнување на мисијата успешно се завршени, и оти било каков вакуум ќе биде избегнат:

„Јас сега ќе ги подготвам силите да ја преземат мисијата од НАТО. Но ова преземање ќе значи првенствено континуитет. Заедно со НАТО ќе ја продолжиме оваа мисија што за нас е од суштинска важност. Единствената разликата е во тоа што ова ќе бидат први европски сили. Тие полека мораат да ги подобруваат своите можности за акција,“

рече Марал.

На средбата со претседателот Трајковски е договорена редовна консултација околу прогресот на мисијата.
XS
SM
MD
LG