Достапни линкови

Каиро: Барање за итен состанок на Советот за безбедност од Арапската лига


Арапските земји побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со војната во Ирак. Сирискиот амбасадор во советот изјави дека ќе биде предложена резолуција во која ќе се бара моментално прекинување на како што рече инвазијата на Ирак и повлекување на сите странски трупи од оваа земја. Ваквата резолуција беше усвоена на состанокот на арапската лига во Каиро, а само претставникот на Кувајт беше воздржан.
XS
SM
MD
LG