Достапни линкови

Њујорк: Анан бара обнова на помошта за Ирачаните


Генералниот секретар на Он Кофи Анан изјави дека сака светската организација итно да ја обнови помошта за Ирачаните, предупредувајќи оти на градот Басра му се заканува хуманитарна катастрофа. Тој апелира на преземање мерки за повторно нормално снабдување на градот со вода и струја. Претходно, Багдад го обвини Анан дека по наредба на ВаШингтон и Лондон се обидува на Ирак да му ја прекине програмата нафта за храна.
XS
SM
MD
LG