Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Пауел го осуди отпорот на Ширак


Американскиот државен секретар Колин Пауел го осуди отпорот на францускиот претседател Жак ширак за барањето на Вашингтон војната во Ирак да се прогласи за легитимна во Обединетите Нации. Тој ги отфрли стравувањата на Ширак дека САД планираат по војната во Ирак уште долго да ја контролираат оваа држава. Според Пауел, власта во најкраток можен рок ќе ја преземе ирачка преодна власт, а потоа ќе се воспостави и нова влада. Мислам дека ќе ја имаме поддршката од ОН, бидејќи сакаме само обнова на Ирак и подобар живот на ирачкиот народ, нагласи Пауел.
XS
SM
MD
LG