Достапни линкови

Почеток на процедура за легализација


Средбата меѓу претставниците на Владата и малоречанскиот универзитет која се одржа деновиве е само почеток на процедурата заа негова легализација сметаат прорекорот на парауниверзитетот Неџмедин Беадини кој воедно е и претседател на Комисијата за легализација на ТУ формирана по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Беадини средбата со министерот за образование Азиз положани во просториите на ова министерство ја смета за почеток на реализација на барањето за легализација на оваа пара интитуција. Заменик министерот за образование Тале Керамитчиевски кој доаѓа од редовите на СДСМ не присуствувал а очигледно и не бил запознаен за средбата меѓу Министерот Положани и преставници на малоречанскиот Универзитет.

„Сакате да кажете дека таква средба немало?“

„Да“


За да по кратко време го смени мислењето:

„Не сте запознаени што се разговарало таму?

„Отприлика запознаен сум, ама тоа се неофицијални консултации.“


Немам конкретни предлози за решавањето на статусот на ТУ наше единствено барање е вели Беадини:

„Тетовскиот универзитет да биде трет универзитет во државата и да биде финансиран од државата.“

Ставот на министерот за образование Положани во однос на Тетовскиот универзитет е:

„Ние цениме дека е време таа работа да се заокружи со вклопување на овој образовен сегмент во образовниот систем во Македонија. Процесот на легализација трба да оди кон исполнување на нормите и стандардите. Процес што се случува во сите образовни институции во Македонија, па мислам дека е добро теотовскиот универзитет да презема една таква пшроцедура којашто е секогаш основна база за акредитирање на универзитетите.“

Во четврткот продолжуваат разговорите на тема легализација на тетовскиот универзитет на кој ќе присуствуваат и четворица меѓународни преставници кој доаѓаат од САД, Велика Британија, Австрија и Бугарија.
XS
SM
MD
LG