Достапни линкови

Борби на 250 километри од Багдад


Американските маринци на патот кон главниот град на Ирак – Багдад,како што во својот најнов извештај јави дописникот на Радио Слободна Европа Рон Синовиц , со хеликоптерите апачи и авиони ги бомбардираа ирачките воени кај местото Ал Самавах 240 километри јужно од Багдад меѓу Најаф и Насирија.

„Третата пешадиска дивизија на американската армија се наоѓа во борба во јужен Ирак од вчера попладне со Садам Фадејан високо тренирани пара милитарни сили контролирани од синот на Садам, Кусаи Хусеин. Борби се водат од западната страна на Еуфрат, кај Ас Самавах, кај главниот пат што ги спојува Басра и Багдад.“

Мосул и Киркук северно од Багдад во близина на демаркационата линија со подрачјето каде што живеат курдите во Ирак исто така се цел на напади на американските сили. Таму дошло до борби и меѓу ирачките сили и курдите. Ирачкиот министер за информации Саед ал Сахаф во Багдад рече дека ирачките војници победуваат

„Се обидуваа да донесат нивни војници во близина на Ан Најаф и Карбала, но ние ги обиколивме и тие се повлекоа. Истото се случи и во Киркук.“

Пентагон пак соопшти дека обезбедувањето на нафтените полиња кај Киркук и Мосул од уништување е главна цел. Ирачката телевизија јави дека кај Насирија се фатени 5 американски војници, а Соединетите држави соопштија дека десет војници загинале, а 12 исчезнале. Американскиот претседател предупреди дека доколку ирачаните ги мачат војниците ке им биде судено за воени злосторства. Рускиот претседател владимир Путин побара од Ирак да се однесува согласно меѓународните конвенции.

„Ние знаеме во какви услови се чуваат заробениците од анти-ирачката коалиција. Се надеваме дека и ирачката страна ќе го почитува меѓународниот закон за третман на воени заробеници.“

Ирачкиот претседател Садам Хусеин денеска по втор пат од почетокот на воените дејствија во воена униформа и се обрати на јавноста ургирајќи да продолжи отпорот.

„Непријателот ја нападна нашата света земја на добри луѓе. Удрете го нашиот непријател со сета сила и прецизност за да не можат да продолжат да прават повеќе криминал против нашата нација.“

Известувачите потврдија дека ТВ говорот е автентичен бидејки не беше сигурно дали Садам Хусеин го преживел првиот напад на Багдад. Британскиот секретар за одбрана Џефри Хун денеска во Лондон ги отфрли медиумските тврдења дека војната не оди како што треба. Хун рече дека американско британската кампања се движи согласно планираното.
XS
SM
MD
LG