Достапни линкови

Различните ставови околу Ирак нема да влијаат на ефикасноста


Различните ставови на земјите членки на Европската унија за начинот на разоружување на Ирак нема да имаат големо влијание на ефикасноста на функционирањето на Унијата, вели професор Добринка Тасковска од Правниот факултет

„Разидувањето на некои европски земји по однос на ирачката криза секако дека ќе остави последици, меѓутоа, мислам сепак помалку од некои апокалиптични сценарија за нејзино распаѓање или комплицирање на нејзиното функционирање до степен на имобилизација. И друг пат, сепак многу повеќе од една моментална, без разлика колкава криза, Европа сепак е еден проект, една култура, една реалност долги столетија, а институционална реалност веќе пет децении, така што мислам дека успешно ќе го надживее и овој проблем. Позицијата на Македонија е исклучително деликатна, бидејќи, за разлика од повеќето други земји ние немаме ниту статус на кандидат, ниту пак благонакјлоно прифатена нова кандидатура каков што е случајот со Хрватска“.

Она што Македонија пропушти да го направи во случајот Ирак и што можеби негативно ке влијае на нашата држава е неизградувањето на еден појасен став во врска со прашањето дали ке се даде поддршка на Соединетите држави

„Нашите талкања, нашите недоречености, нашите дисонанци, многу повеќе ни наштетија отколку ставот што на крајот го зазедовме, бидејќи, ако сакате да бидете сериозна држава тогаш треба да имате еден став и да истраете на него без разлика што понекогаш не е најдобро избраниот“.

Смета Тасковска и додава

„Нашата позиција дополнително е усложнета со сите непринципиелности, променливости коишто Европа знаеше да ги практикува кон нас во изминатите тринаесет години, почнувајќи од спорот со името па во други области, така што ние и тука сме во деликатна позиција“.

Според неа ирачката криза ке се рефлектира врз сите сегменти на современото живеење, а Балканот станува уште почувствителен регион

„Последиците се уште не можеме во целост да ги предвидиме. Меѓутоа, никогаш односите меѓу САД и ЕУ, односите внатре во ЕУ нема да бидат исти по ирачката криза. Балканот станува дополнително чувствителен заради свртеноста на вниманието на големите сили кон ирачкото прашање, заради постоењето се уште на внатрешни опасности, така што треба да бидеме свесни дека во периодот што е пред нас треба внимателно да се однесуваме“.
XS
SM
MD
LG