Достапни линкови

logo-print

Киркук: Броби меѓу ирачките Курди и владините сили


Според последните информации, на североистокот на Ирак во близина на градот Киркук избувнале борби меѓу ирачките курди и владините сили. Се додава дека веднаш потоа американски авиони започнале да ги бомбардираат ирачките позиции и оти единици на американските специјални сили заминале кон тој дел на Ирак што е под контрола на проамериканската Патриотска Унија на Курдистан. Инаку, на денешната прес конференција во Багдад, ирачкиот министер за информации Мохамед ал Сахаф соопшти дека ирачаните урнале два хеликоптера од типот Апачи. Според Сахаф, во последните дваесет и четири часа во Ирак биле убиени шеесет и двајца ирачани и оти над четиристотини биле ранети.
XS
SM
MD
LG