Достапни линкови

Агрон Буџаку, потпретседател на Собранието на Македонија. Криминалот во основа на проблемите во поранешните кризни региони


Безбедносната ситуација според официјалните оценки постојано се стабилизира, се подобрува во државава. Меѓутоа, во кумановскиот регион се чини најбавно се стабилизира. Зошто е тоа така, имате некакви сознанија?

Јас мислам дека кумановскиот регион најмногу претрпе од виениот конфликт и дека треба подолго време да се залечат тие рани од воениот конфликт. Дека постепено имаме враќање и полицијата е насекаде во Република Македонија, нема места каде што нема полиција и нема ред, но сепак треба време за луѓето да имаат доверба во системот, да се врати довербата и да функционира правната држава. Мислам дека немаме поголеми проблеми, а тие што се не се веќе од меѓуетнички проблеми, туку се работи за криминал што го има насекаде во светот, а посебно во земјите во транзиција.

Има ли опасности од АНА?

АНА повеќе се наоѓа на Интернет, отколку на теренот. Иако, не се исклучува некои мали групи кои настапуваат под тоа име, до сега од Интернет имам забележано дека има три АНИ, е сега кога е вистинската и за што се работи главно е дека тие немаат поддршка на граѓаните, на албанската заедница во Македонија, затоа што напоменувам уште еднаш дека никој не сака конфликт. Со самиот прогрес што ќе го правиме во имплементацијата на рамковниот договор, тие елементи ќе имаат помалку аргументи да настапуваат под името на АНА или на некој си фронт.

И на крајот криминалот се толкува и како последица на големто количество оружје во нашата држава. Како ќе се собира?

Тој проблем го имаат скоро сите држави на Балканот. Пдообро кажано, тие што поминаа низ конфликти. Имаше релативно успешна акција на собирање оружје во Албанија. Ние треба да се учиме од такви примери и со помош од меѓународната заедница која има и специјализирани организации за собирање на оружје со мотивирање на граѓаните, но исто така треба да имаме предвид дека со засилување на правната држава и со враќање на сигурноста на граѓаните ќе има се помалку потреба тие да имаат оружје.
XS
SM
MD
LG