Достапни линкови

Биографија на Хусеин во 19 томови задолжителна за сите владини службеници


Тој е непогрешлив и недопирлив, а и самиот вредно работи на одржување на таквата слика. Службената биографија на Садам Хусеин, во деветнаесет томови, се уште е задолжителна за сите владини службеници.

Веднаш по започнувањето на сојузничката интервенција Садам Хусеин и се обрати на нацијата.

„Денеска – дваесети март две илјади и трета, криминалниот и лесноумен Буш јуниор стори злосторство против човештвото.“

Се уште постојат конфузни информации дали тоа беше претходно снимено обраќање или не, бидејќи, според некои сознанија, тој бил ранет уште во првиот воздушен напад врз неговата резиденција. Светската слава на Хусеин делумно се должи и на решеноста на Буш да тргне по ,,човекот кој се обиде да го убие мојот татко,, - негова референца за ирачкиот обид за атентат врз Буш сениор во 1993 година во Кувајт.
Познат како почитувач на советскиот диктатор Сталин, Садам Хусеин нема идеологија, но постојано се повикува на арапскиот национализам, исламот и ирачкиот патротизам за да ја зацврсти својата лична моќ. Садам Хусеин е роден во 1937 година, во близина на градот Тикрит во многу сиромашно семејство. Уште како млад се приклучува во Баат партијата за која извршувал нечисти работи во отстранувањето на непослушните. Во 1959 година учествува во неуспешниот атентат врз ирачкиот претседател, генерал Абдел Карим Касим. Бега во Египет под заштита на претседателот Насер. Токму во Каиро, Садам Хусеин доаѓа во контакт со американските разузнавачки служби кои страхуваа дека генерал Касим би можело да падне во сферата на советското влијание. Со американска помош во 1963 година во Ирак е извршен воен удар со што е симнат генерал Касим и на негово место дојде партијата на Хусеин. Баат владееше девет месеци, по што Садам се најде во затвор. Кога во 1968 година таа партија повторно ја презеде власта, Садам Хусеин лично го предводеше победничкиот поход кон претседателската палата. Неговата власт, особено зацврсна за време на Исламската револуција во Иран. Тој добро знаеше дека ќе го придобие Западот само ако го зачува секуларниот карактер на ирачката држава. Тоа и одговараше на Америка која не сакаше богатите нафтени наоѓалишта во регионот да дојдат во рацете на исламистичките фундаменталисти. Во 1980 година Садам почнува војна со Иран која траеше осум години. По нејзиното завршување, очигледно не добивајќи ја очекуванана компензација за претрпените штети, Ирак во 1991 година се обиде сам да го наплати долгот со окупацијата на Кувајт. И покрај брзиот пораз, тој остана на власт, бидејќи западните сојузници страхуваа дека неговото отстранување тогаш би можело сериозно да го дестабилизира регионот. За целото тоа време Садам Хусеин ја зацврстуваше моќта на неговото семејство. Еден од неговите синови е на чело на озлогласената тајна служба, а другиот води многубројни партиски и државни комитети. Роднините на Садам држат клучни позиции во војската. Во таа роднинска пирамида нему му припаѓа посебно место. Повеќето од оние во негова близина што се обиделе да му го оспорат тоа, веќе не се меѓу живите. Таков е случајот со сопрузите на неговите две ќерки кои беа убиени откако од роднините беа убедени да се вратат во Багдад по нивното претходно пребегување во Јордан.
XS
SM
MD
LG