Достапни линкови

Свет: Продолжуваат анти воените протести


Денеска во Австралија и во неколку азиски градови продолжија протестите против сојузничката интервенција во Ирак. Во Сиднеј меѓу 30 и 50 илјади луѓе побараа итен прекин на војната и враќање на двете илјади австралиски војници. Во најголемата муслиманска држава на светот Индонезија беше запалено американското знаме пред американската амбасада во Џакарта. Денеска се одржаа и првите анти-воени протести во Авганистан на кои во провинцијата Лахман учествуваа околу илјада луѓе.
XS
SM
MD
LG