Достапни линкови

logo-print

Сојузничките трупи напредуваат кон Багдад


Американските и британските трупи денеска го продолжуваат напредувањето кон Багдад, по ноќешните масовни воздушни напади. Нашиот репортер Рон Синовиц, кој е се третата американска пешадиска дивизија јави дека сојузничките сили ја презеле контролата врз една воздушна база во близина на градот Насириах.

„Имаше тешки борби меѓу американските пешадиски трупи и ирачки војници, кои беа опколени во близина на реката Еуфрат. Ирачките војници одбиваа да се предадат и покрај повиците од американските сили.“

Репортерот на Радио Слободна Европа додава и дека околу 200 ирачки војници биле заробени, а во борбите бил повреден еден американски војник. Сојузничките сили напредуваат и кон Басра, втор по големина град во Ирак. Како што јавуваат агенциите, една цела ирачка пешадиска дивизија со околу 8 илјади војници и 200 тенка им се предала на американските сили.

„Некои ирачки војници се предадоа и ги напуштија своите позиции на југот и на север од земјата. Јасно е дека многумина ја сфатија нашата порака дека е подобро да се борат за иднината на Ирак, отколку за Садам Хусеин.“

Изјави началникот на генерал-штабот на американската армија Ричард Маерс, додавајки дека воздушните напади ќе продолжат и оти сојузничките сили настојуваат да ги заштитат нафтените полиња во јужен Ирак. Во Багдад денеска е мирно, а ирачкиот министер за информации изјави дека во синоќешните бомбардирања врз градот биле повредени над 250 цивили. Цел на жестоките бомбардирањата беа владините згради и комплексот палати на ирачкиот претседател Садам Хусеин, а воздушни напади врз воени цели имаше и во градовите Мосул и Киркук. Британското министерство за одбрана денеска потврди дека сите 7-ина маринци загинале кога два британски хеликоптера се судриле над меѓународните води во Заливот. Турција во изминатата ноќ испрати околу илјада и петстотини командоси во северен Ирак, со што е зголемен ризикот за судири со локалните курди. Вашингтон соопшти дека не се согласува со таквиот потег на Анкара и покрај тоа што на сојузничките авиони им е одобрен прелет преку територијата на Турција.
XS
SM
MD
LG