Достапни линкови

Париз: Пронајдениот отров можна терористичка закана


Францускиот министер на полицијата Никола Саркози денеска изјави дека постои можност оти зад вчерашното откривање на отровот рицин на железничката станица во Париз се крие терористичка закана. Сепак, тој додаде дека засега се уште нема цврсти докази кои би покажале дека Франција би била цел на таквиот напад. Две мали шишиња со траги на опасниот рицин беа најдени во депото за напуштен багаж на станицата.
XS
SM
MD
LG