Достапни линкови

Вашингтон: Буш нареди конфискување на сметките на Ирак


Американското министерство за финансии соопшти дека претседателот Џорџ Буш наредил конфискување на милијарда седумстотини и четириесет милиони долари на ирачките сметки што претходно беа замрзнати во американските банки. Парите, како што се прецизира, ќе бидат искористени за хуманитарни цели во Ирак. Сметките беа на име на ирачката влада, на Централната ирачка банка и на ирачки државјани. Се додава дека во американските банки не биле пронајдени сметки кои му припаѓаат на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG