Достапни линкови

Формиран кризен штаб што секојдневно ќе заседава


Секој ден во 11 часот заседава кризниот штаб формиран во македонското министерство за надворешни работи вели шефот на шатбот државниот секретар Ристо Никовски

„Основната идеја за формирање на кризниот штаб во МНР е да се овозможи постојано и целосно следење на настаните околу војната во Ирак и сите импликации од неа за Македонија.“

До сите дипломатско конзуларни представништва на Македонија во странство издадени се инструкции за зголемување на мерките за безбедност,

„И ако е тоа потребно да побараат заштита од домаќините. Ги засиливме и безбедносните мерки околу министерството и собранието. Денеска имаме и втор состанок и ќе извршиме нова анализа на ситуацијата.“

Македонското министерство за надворешни веќе упати повик до нашите државјани да не патуваат во кризниот регион или да го напуштат доколку таму се наоѓаат. Според Никовски во Кувајт кој се граничи со Ирак престојуваат околу 50 тина наши државјани со кои МНР е во постојан контакт

„Тие се самоорганизирани што е многу позитивно. Тие се во контакт со амбасадата на СЦГ која ние ја овалстивме да им пружи целосна конзуларна заштита. Тие рекоа дека се апсолутно погтодвени да пружат секаква помош на нашите граѓани.“

Работата на кризниот штаб е во кординација со надлежните институции како што се министерствата за внатрешни и за одбрана.
XS
SM
MD
LG