Достапни линкови

Брисел: Дводневен самит на ЕУ


Во Брисел денеска почнува дводневниот самит на Европската Унија, на кој требаше да се расправа за перспективите на европската економија, но како што се очекува, главно прашање ќе бидат разликите меѓу земјите – членки околу ирачкиот конфликт. Грчкиот шеф на дипломатијата Јоргос Папандреу, како председавач со Унијата, изјави дека ќе бидат вложени дополнителни напори за утврдување заедничка надворешна и безбедносна политика. Една од темите на самитот ќе биде и откриената софистицирана опрема за прислушкување на телефонските линии на високите претставници на Унијата во Брисел.
XS
SM
MD
LG