Достапни линкови

Војната почна


Нападот врз Багдад започна во 3 часот и 35 минути по средно европско време, час и половина по истекот на ултиматумот поставен од САД, јави агенцијата Ројтерс повикувајки се на очевидци.

Ирачката против-воздушна одбрана веднаш возвратила на американсото бомбардирање , а според известувачот на агенцијата Ројтерс првите бомби ги погодиле јужните делови од градот, а пото и центарот.

Во вториот и третиот бран воздушни напади што започнаа нешто по 5 часот бомбардирани се југо источните делови на градот.

Бомбардирани се институциите на ирачкиот режим јави телевизиската мрежа Ен Би Си повикувајки се на анонимни воени извори. Првите бомбардирања ги извршиле авионите Стелт Еф-117, бомбардерите Б-52 и крстосувачки ракети Томахавк , лансирани од бродовите стационирани во Персискиот Залив и Црвеното море. Цел на нападот бил и Ирачкиот претседател Садам Хусеин, кој утринава и се обрати на нацијата.

Американскиот претседател Џорџ Буш два часа и 15 минути по истекот на ултиматумот и официјално соопшти дека започна воената операција против Ирак. „ По моја наредба, силите на коалицијата започнаа да напаќаат избрани цели од военот значење за да се намли воената способност на Садам Хусеин, рече амриканскиот претседател Џорџ Буш.

Во говорот кој траеше четири минути Буш порача дека САД се одлучни на почетокот да нападнат силно врз Ирак и се надева дека на тој начин ќе се ограничи времетраењето на судирот.

Во ова војна американците се соочуваат со непријателот кој не ги почитува воените конвенции и моралните правила. Садам Хусеин постави војници и опрема во цивилните зони, обидувајки се да ги користи невините луѓе, жени и деца, како жив штит за одбрана на неговата војска. Тоа ќе биде неговото последно злостортво над својот народ, порача американскиот претседател Џорџ Буш.

Американската војска ја презеде главната фреквенција на ирачкото државно радио откако американските авиони почаа да го бомбардираат Багдад. „Ова е денот кој го очекувавме„ рече спикерот на арапски јазик откако изненадно прекинала редовната ирачка програма неколку минути по почетокот на бомбардирањето.
XS
SM
MD
LG