Достапни линкови

Американските трупи се мобилизираат за војна


Американските трупи во северен Кувајт се мобилизираат за војна против Ирак. Нивно најголемо страхување е можноста од ирачки хемиски или биолошки напад.

Одговорот на сите американски војници кои се наоѓаат на првата линија на кувајтско – ирачката граница, без двоумење, е ист:

„Потенцијалната употреба на хемиското или биолошкото оружје најмногу ме загрижува. Но, јас не седам и не чекам со таа загриженост во себе. Ние сме многу добро подготвени, имаме добра опрема и сме истренирани да ја употребуваме. Но, таков напад не ни е познат досега, што предизвикува извесна загриженост кај нас.“

вели командантот на Третата пешадиска дивизија на американската армија генерал-мајор Бјуфорд Блоунт. Се верува дека силите на Садам Хусеин имаат способност да изведат хемиски напад, употребувајќи артилериски гранати. Експертите сметаат дека поради тоа што гранатите немаат голем дострел, таквите напади би можело да се случат откако американските трупи би влегле во Ирак. Доколку специјалните единици откријат хемиски или биолошки отрови даваат знак за тревога:

Сите војници се опремени со гас маски, и со униформи што ги заштитуваат од отровите. Сепак, војниците кои дошле до допир со нив задолжително треба да се деконтаминираат. Јасно е, велат експертите, дека тоа ќе го забави напредувањето кон Багдад, особено ако се има предвид дека станува збор за пустински делови каде што водата, која е основното средство за деконатминација, ја нема таму, па ќе мора да се испорачува дополнително – за што ќе треба многу време. Кон ова се наведува и процесот на чистењето на возилата и тенковите.

„За десет возила приближно се потребни два до три часа. Толку можеме да деконтаминираме со нашите сопствени резерви на вода кои изнесуваат околу 23 илјади литри.“

вели поручник Кристал Лојд од единицата за поддршка - задолжена за чистење на војниците и опремата од евентуалните боеви отрови.
XS
SM
MD
LG