Достапни линкови

Обновена загриженоста за нарушениот кредибилитет


Неуспехот на Советот за Безбедност да постигне единствен став за Ирак ја обнови загриженоста за нарушениот кредибилитет. Експертите на Обединетите Нации велат дека односите меѓу двете клучни земји членки Соединетите држави и Франција треба да бидат поправени со цел Советот да игра конструктивна улога околу иднината на Ирак, како и околу справувањето со другите кризи.

Само пред 4 месеци Советот за безбедност беше единствен кога го повика Ирак на инспекција на неговото оружје за масовно уништување што беше триумф на двете дипломатии, американската и француската. Меѓутоа, разликите се појавија за резултатите на инспекцијата. Американците и британците се откажаа од барањето да се гласа во Советот поради најавеното вето на Франција. Според Париз мнозинството во Советот беше против воено решение кога се гледало дека инспекцијата функционира. Сега постоји загриженост за штетата врз кредибилитетот на Советот за безбедност што му е нанесена во кој Франција и Соединетите држави се постојани членки. Нивниот ангажман ке биде потребен не само за пост-воениот Ирак туку и за справување со Северна Кореја и анти-терористичките мерки за кои Франција обезбедува клучна помош. Американскиот државен секретар Колин Пауел последниот развој на настаните го оцени како пораз за Советот за Безбедност.

„Обединетите Нации се важна институција и ќе преживеат, а Соединетите држави ќе продолжат да бидат важна членка. Но јасно ова е тест, и според моја проценка, Советот не го положи.“

За генералниот секретар Кофи Анан крајот на дипломатските напори преставува разочарување. Поранешниот заменик генерален секретар и ветеран на многу кризи справувани од Обединетите Нации Брајан Уркухерд смета дека американската намера да се тргне од власт Садам Хусеин предизвика тешкотии кај другите земји членки. Меѓутоа и тој смета дека Обединетите Нации можат да играат важна и корисна улога околу иднината на Ирак.

„Тоа е институција која може да биде корисна и да направите да функционира или да не функционира. Од таа гледана точка таа не успеја но тоа не значи дека не може да функционира во иднина. Мислам дека тоа е многу глупаво. “
XS
SM
MD
LG