Достапни линкови

logo-print

Владимир Глигоров, Институт за економија Виена. Потребно е зајакнување на правото и демократијата и либерализација на економијата


Господине Глигоров, што може реално Македонија да очекува од самитот на ЕУ во Солун?

Па, реално е тоа што Македонија може конечно да излезе од оваа, да кажеме сфера на неизвесност што настана по 2001-та година и да се забрза процесот на асоцијација со Европската Унија. И потоа, во некој момент, релативно брзо, да поднесе барање за кандидатура на членство и тогаш да се зајакне европската димензија во македонската политика.

Сметате ли дека процесот за стабилизација и асоцијација е соодветен европски одговор на потребите на овој регион?

Сам по себе овој механизам по мое мислење е веќе застарен. Тој беше формулиран во контекст на косовската криза. Сега тоа време веќе минува и се преоѓа во друга ситуација и треба да се разговара на друго ниво. Тука е најважно да се покаже дека регионот може да соработува на циивилизиран начин, дека може да решава проблеми, дека може да оди напред и тогаш тоа е тој прв чекор до повисоко ниво на асоцијација со ЕУ.

Ја спомнавте регионалната соработка. Таа е клучна не само како критериум, туку и како потреба. Особено кога станува збор за организираниот криминал. Имаат ли државите од регионот капацитет да се справат со него?

По мое мислење, тоа не е полициска туку повеќе политички проблем што како таков и треба да се решава. Значи, со еден процес на демократизација што не може да трае година или две, но секако седум-осум години. И со еден процес на либерализација и отстранување на сите бариери и квази-бариери кои всушност го потхрануваат криминалното подземје. Тие ќе се елиминираат, така што од таа гледна точка јас не мислам дека постои проблем овие земји да можат да се справат со тоа. Јас мислам дека можат, но тоа не е нешто што тие можат да го направат за три-четири дена и не е нешто што може да се направи со една полициска акција, без оглед на тоа што и полицијата е важна. Треба да се зајакне и правото, и демократијата, и да се либерализира економијата, а со тоа постепено ќе исчезне и тоа зло.
XS
SM
MD
LG