Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Буш му даде 48 часа на Хусеин да го напушти Ирак


Садам Хусеин и неговите синови мораат да го напуштат Ирак во рок од 48 часа. Доколку одбијат да го направат тоа ќе се соочат со вооружен напад кој ке започне кога ние ке одлучиме, порача америакнскиот претседател Џорџ Буш во своето обракање до нацијата. Тој апелираше до припадниците на вооружените сили на Ирак да го напуштат како што рече, режимот кој умира, особено да не ги уништуваат нафтените извори и да не употребуваат оружје за масовно уништување, а на ирачкиот народ му посочи дека денот на ослободувањето наскоро ќе дојде. Буш предупреди дека се можни терористички операции против Соединетите држави и нивните сојузници и соопшти дека се засилени безбедносните мерки во земјата. Буш изрази разочарување поради тоа што Обединетите Нации не застанаа зад Соединетите држави и го обвини Советот за безбедност дека не бил на нивото на своите обврски.
XS
SM
MD
LG