Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Ултиматум за Хусеин да ја напушти земјата или да се соочи со војна


Ирачкиот претседател Садам Хусеин "ја упропасти" секоја шанса да избегне конфликт и денеска ќе му биде даден ултиматум, за да ја напушти земјата или ќе се соочи со војна, изјави денеска американскиот државен секретар Колин Пауел.

На денешната набрзина свикана прес - конференција во Стејт департментот, Пауел истакна дека Хусеин сега нема друг избор освен да прифати егзил заедно со неговите први помошници, доколку сака сака да ја избегне американската инвазија.

"Помина времето за дипломатија" повтори Пауел, најавувајќи го вечерашното обраќање до нацијата на американскиот претседател Џорџ Буш.

Американскиот државен секретар уште еднаш рече дека завршило времето во кое Хусеин можеше да преземе некакви дипломатски чекори, додавајќи дека "тој имаше многу шанси во последните 12 години, но не искористи ниту една".

Во меѓувреме, шпанскиот премиер Хосе Марија Азнар изјави дека денеска е последниот ден во кој Садам Хусеин може доброволно да го напушти Ирак.

Азнар ова го изјави по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џорџ Буш во кој е разгледувана ситуацијата околу Ирак.
XS
SM
MD
LG