Достапни линкови

Белград: Избрана новата влада на Србија


Пратениците во Парламентот на Србија и Црна Гора вечерва го избраа Советот на министри, односно првата Влада на српско-црногорската државна заедница.

Претседателот на СЦГ Светозар Маровиќ ќе ја извршува и функцијата премиер, за шеф на дипломатијата е избран Горан Свијлановиќ, а министер за одбрана е Борис Тадиќ.

Расим Љаиќ е избран за министер за човекови и малцински права, Амир Нурковиќ за внатрешни економски односи, а Бранко Луковац за министер за економски односи со странство.

За министерската листа што ја предложи претседателот Маровиќ гласаа 66 пратеници, 47 беа против, а двајца воздржани.

Веднаш по изборот членовите на Советот на министри положија заклетва со што и формално почнаа да ги извршуваат новите функции.
XS
SM
MD
LG