Достапни линкови

logo-print

Владата даде виза за измени во законот за патни исправи


Владата даде виза за измените на законот за патните исправи кои претходно беа договорени меѓу лидерите на партиите учесници во владината коалиција СДСМ, ДУИ и ЛДП.

„Владата го увтрди предлог на законот за изменување на законот за патни исправи за државјаните на Република Македонија, станува збор за измена на само еден член. Членот 28 се менува и гласи, обрасците на патните исправи и на визите се печатат на македонски јазик и на неговото кирилско писмо со превод на англиски и француски јазик и на нивното писмо. На граѓаните кои зборуваат различен службен јазик на нивно лично барање образецот на пасошот и патниот лист се печати на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот. Податоците кои се внесуваат во патаната исправа се запишуваат на англиското писмо. Владата одлучи на наредната седница на собранието да го пушти овој предлог.“

Изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски кој ги изнесе разјаснетите дилеми на владата за кои пасошот од денеска важи за личен документ.

Трампата пасош за употреба на јазиците не им се допаѓа на опозициските партии. На собраниската комиија за труд и социјална политика чиј претседател е Илјаз Халими од ДПА со намера да одржи седница тој на членовите на комисијата им се обрати на албанки јазик што предизвика револт кај останатите пратеници при што седницата беше прекината. Образложението на Халими беше договорот постигнат меѓу владините партнери не валиден бидејќи на таа средба учествувал само еден од потписниците на рамковниот договор.

Предлог законот за јазиите се уште не во владина процедура и не се знае дали воопшто и ќе се најде пред владата објасни портпаролот на владата Сашо Чолаковски

„Кога ќе се утврди потребата дали воопшто е потребен таков закон.“
XS
SM
MD
LG