Достапни линкови

Белград: Мичиќ го предложи Зоран Живковиќ за нов премиер


Вршителот на должноста претседател на Србија, Наташа Мичиќ денеска на српскиот парламент му предложи за нов премиер да биде избран Зоран Живковиќ. Српските власти соопштија дека во рамките на истрагата за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, уапсиле над 300 осомничени и заплениле големи количества оружје и дрога. Според известувањето од Владата на Србија, таканаречениот земунски клан бил поврзан со колумбијските нарко картели. Полициски сили изутрината во Белград ја опколиле и куќата на Светлана Ражњатовиќ, сопруга на убиениот Аркан, која веќе беше на информативен разговор поради можна поврзаност со Миодраг Луковиќ Легија од Земунскиот клан.
XS
SM
MD
LG