Достапни линкови

Расте поддршката за воена акција во Ирак, но и незадоволството од Буш


Последните истражувања покажуваат дека во Соединетите држави e забележан мал раст на подршката за воена акција против Ирак поради долготрајните дебати во Обединетите Нации. Од друга страна пак расте бројот на Aмериканците кои не ги одобруваат генералните перформанси на работата на претседателот Џорџ Буш.

Две третини од американците веруваат дека против Ирак треба да се преземе воена акција против Ирак. Педесет и пет насто би ја подржале војната и без подршката на Обединетите Нации што преставува мало зголемување на подршката поради растечката нетрпеливост спрема дипломатијата што во врска со Ирак се води во Обединетите Нации. Сега 58 насто од американците сметаат дека во Обединетите Нации се води јалова работа, за разлика од пред еден месец кога мислењето беше поделено. Водечкиот американски истражувач на јавноста Керол Доерти вели дека променливоста е типична за американците и зависи од дадените околности.

„Мислам дека големо прашање е што ке се случи со јавноста кога преговорите во Обединетите Нации ке запрат и кога ќе треба да се донесе одлука за тоа дали да се оди во војна. Дали тогаш јавноста ке рече - ,, Да одете напред,, или ќе рече - ,, Ни треба повеќе време,,. Е ние тоа не го знаеме.“

, вели Доерти. Во меѓувреме рејтингот на претседателот Буш падна на 53 проценти за разлика 65 насто колку што имаше при последното истражување или 80 проценти минатата година. Исто така сега само 39 насто од американците би гласале за реизбор на Буш. Пред една година овој за него како за претседател се изјаснија 54 насто од испитаниците. Причините за падот на популарноста на Буш, според аналитичарите, се лошите економски резултати, потоа американците ги видоа големите анти – воени протести во светот. Протести почнаа да се случуваат и во самите Соединетити држави, а против војната се изјаснија и црквите во Америка, Католичката па и Бушовата Методистичка Црква. Како држава со нај-анти воени чувства од Соединетите држави е Калифорнија позната по либералните ставови. Џон Дискез од универзитетот во Санта Круз вака ја објаснува ситуацијата во најбројната американска држава Калифорнија.

„Преовладува чувството дека ова треба да се реши на дипломатски начин. Мислам дека истражувањата покажуваат дека , пред се, луѓето не сакаат Соединетите држави да одат сами туку да работат заедно со Обединетите Нации. А ние очегледно се подготвуваме да им нанесеме штета на Обединетите Нации бидејки сакаме да одиме според нашиот начин.“

Актуелните истражувања опфатија илјада луѓе и постоји можност од непрецизност од 2 до 3 проценти.
XS
SM
MD
LG