Достапни линкови

Париз: Ширак се надева на соработка со Британија за ирачката криза


Францускиот претседател Жак Ширак денеска изрази надеж дека Париз ќе соработува со Лондон околу ирачката криза, но додаде дека Франција отфрла секаква резолуција која автоматски води кон војна. Во телефонскиот разговор со премиерот Блер, Ширак повторил дека не прифаќа да му биде поставен ултиматум на Ирак. Во меѓувреме, во Лондон и во Вашингтон се дознава дека се во тек консултации за одржување самит меѓу Британија, Соединетите Држави и Шпанија во текот на претстојниот викенд посветен на ирачкиот проблем.
XS
SM
MD
LG