Достапни линкови

Владо Поповски, советник на претседателот Трајковски. Кохабитацијата меѓу претседателот и владата не е во криза


Дали е нарушена кохабитацијата меѓу претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и владата на Република Македонија?

Во овој момент мислам дека кохабитацијата не е во криза, меѓутоа, очигледно е по многу примери дека таа почнува да чкрипи, или да не одат работите како што треба – како однос на соработка и донесување на одлуки во доменот на сопствените надлежности. Имаме примери каде што дел од надлежностите на Претседателот, било во областа на одбраната, а и во меѓународните односи, се преклопуваат или се преземаат од министрите, што не е во ред. Се појавува една тенденција што е видлива за целокупната јавност, на изолирање и маргинализирање на Претседателот, па дури и една кампања на вршење притисок врз Претседателот за повлекување од политичките активности што се типични за шефот на државата. Сметам дека мора да се предочи на опасностите, бидејќи ако тоа продолжи може да дојде до вистинска криза.

Би ве замолил сега за вашиот став во поглед на нашето директно ангажирање во случај на евентуална војна меѓу САД и Ирак?

По тоа прашање, да кажам веднаш дека е добро Македонија воено директно да не се ангажира во евентуалната војна, бидејќи ќе навлече многу комплексни и долгорочни негативни последици по својата стабилност. Мислам дека на Македонија, според параметрите и позициите во меѓународните доноси, повеќе и личи да учествува во хуманитарна и мировна мисија во поствоениот период, а во предвоениот и воениот да ја поддржува политиката на ООН и резолуцијата 1441. И при евентуална војна сигурно дека не може да одбегне да го даде и својот простор на располагање на коалицијата којашто ќе интервенира во Ирак. Но, конечно, Република Македонија треба да ја сочека одлуката на Обединетите нации, да го заштити авторитетот како мала членка со оние параметри со кои таа постои во регионот и во светот, авторитетот на ОН. На Република Македонија не и личи да се спротистави на тие одлуки или пак да пркоси со евентуална априорна одлука пред ставот на Обединетите нации. Исто така, Република Македонија треба да ги сочека одлуките на НАТО и на ЕУ, бидејќи практично е во процес на доближување со намера да стане полноправна членка НАТО и на Европската унија. Унилатерално или билатерално само со некоја држава не би требало да ги прејудицира одлуките на сите овие меѓународни организации коишто се темели на меѓународниот поредок.
XS
SM
MD
LG