Достапни линкови

logo-print

Опозицијата реагира, меѓународната заедница задоволна


Меѓународните преставници во земјава засдоволни од постигнатиот договор меѓу коалициските партнери СДСМ ДУИ и ЛДП за спорните прашања околу пасошот и употребата на албанскиот јазик при председавањето со собраниските седници и комисии, додека опозициските партии потписници на Рамковниот договор ВМРО ДПМНЕ и ДПА реагираат.

СДСМ прифати нешто на што остро се спротивставуваше минатата година кога ВМРО ДПМНЕ и ДПА предоложија двоен пасош, вели портпаролот Влатко Ѓорчев

„Црвенковски, Никола Поповски, нивниот портпарол во месеците мај и јуни жестоко го напаѓаа и велеа дека тоа е надвор од Охридскиот договор и дека тоа е буквално федерализација на Македонија. Од друга страна, имаме од страна на ДУИ отстапка што не е остапка. Тоа е работа што секако треба да ја почитуваат, а тоа се границите, знамето и името на Република Македонија“.

За ДПА неприфатлив е договорот меѓу владините партнери пасошот да се издава на албански јазик само доколку граѓаните тоа го побараат, како и определбата за неменливоста на границите.

„Како што знаете, пасошот ќе се издава на албански само по евентуално индивидуално барање, значи не важи за целата територија. Во една таква компромисна спогодба има уште и други недостатоци околу границата со Косово сметам дека постои една очигледна намера од страна на властите во Македонија да се прејудицираат работите. Истото важи и за неодамна завршениот попис и мислам дека сите овие недостатоци се неприфатливи,“

изјави портпаролот на ДПА Демуш Бајрами. Што се однесува до меѓународната заедица во нашава земјатие не го кријата задоволството од постигнатиот договор

„Ние сме воодушевени од договорот ,тој е главниот дел од имплементациајта на ранковниот договор како и за јакнењето на унитарна и мултиетничка Македонија. Владата стави акцент и дојде до договор за едно од најчувствителните прашања,“

изјави портпаролот на ЕУ Ирена Џузелова.

За ваквото решение за изгледот на пасошот прфесорот на правниот факултет Ѓорѓи Иванов со став:

„Не може пасош да биде со два јазика. Ако е со два јазика, тоа е одраз на државата која го издава. Значи, тоа е федерација“.
XS
SM
MD
LG