Достапни линкови

Берлин: Шредер го објави пакетот мерки за реформи во економијата


Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска пред парламентот го објави пакетот мерки за реформи во германската економија. Во говорот Шредер изјави дека мора да се преземат неопходните промени со цел земјата да се врати на патот на економскиот и социјален развој во Европа. Канцеларот Шредер објави дека 15 милијарди евра ќе бидат спонзорирани од владата како заеми за економијата и инфраструктурата. Шредер предложи и кратење на работничките бенефеции и се закани со законски мерки за ограничување на моќта на Синдикатите со цел да обезбеди брз економски развој. Тој најави дека Германија, Франција и Британија следната недела ке изнесат заедничка иницјатива за индустриската политика.
XS
SM
MD
LG