Достапни линкови

Зголемени мерки за безбедност во Македонија


По убиството на премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ во Министерството за внатрешни работи велат дека преземаат поголеми мерки на безбедност. Притоа тие посочуваат дека станува збор за зголемено обезбедување на државните институции.

„Министерството за внатрешни работи, согласно со редовните процедури за работа во вакви ситуации, ги интензивира мерките и активностите, се подобрува квалитетот на работата и видот и бројот на мерки и дејствија што се преземаат во севкупниот систем на заштита“.

изјави Зоран Доревски од секторот за обезбедување при МВР. Тој информира дека последните два настани кои се случија во регионов, убиството на српскиот премиер Ѓинѓиќ и на претседателот на Мултигруп Иван Павлов покажуваат дека извршителите се професионалци

„Се работи веќе за исклучително професионални настапи на атентаторите каде што се потребни покомплексни и посеопфатни системски мерки. Значи, не само мерки во личната и непосредна придружба, туку и многу поинтензивни длабински, оперативни, превентивни и друг вид тактички мерки. Кај нас тие течат редовно и мислиме дека во овој момент состојбата е под контрола“.

Според Доревски токму овие настани покажуваат дека зголемната лична придружба на функционерите не игра клучна улога, ниту е доминантен фактор во нивната заштита

„Нашите проценки се дека моменталните задачи што ги извршува АРМ со овие сили се сосема доволни за успешно функционирање на системот“.

Армијата на Република Македонија која меѓудругото е одговорна за обезбедување на државната граница продолжува со извршување на обврските со редовните сили

Тон

изјави портпаролот на Генералштабот на армијата, Зоран Секуловски
XS
SM
MD
LG